Зошто SILOTER?
Континуиран квалитет
Стабилен и проверен квалитет во секоја серија производи, за сигурни резултати при секоја примена.
Лесна обработливост
Производи кои лесно се нанесуваат, обработуваат и прилагодуваат на различни градежни површини.
Техничка подршка
Стручна поддршка и насоки за правилна употреба на производите, од избор до реализација.
01
Нашата
приказна
- Современа фабрика за градежни материјали
- Производи за домашниот и поширокиот пазар
- Производи потврдени од реномирани лаборатории
- Развој преку имплементирање современи технологии
- Квалитет како формула за успех
02
Што може да
очекувате од нас?
ДОВЕРБА
Немате време за експерименти и грешки?
SILOTER своите производи ги има тестирано во специјални комори за стареење. Тестирањето во коморите се врши во повеќе циклуси и трае околу три месеци на екстремни временски услови, со што гарантираме за издржливоста на производите.
ИЗВЕДБА
Слободно кажете што ви е потребно!
Ние ви нудиме широка производна линија на програми како што се:
ECOTER, STIROTER, TERASTIK, TERAFLAT.
Зад сите тие производи стојат сертификати кои гарантираат за нивниот квалитет.
КРЕАТИВНОСТ
Постојано барате начини за работите да одат кон подобро?
Тогаш имаме исто размислување. Ние во нашата компанија постојано тестираме и се стремиме да внесеме нови решенија во градежништвото. Се трудиме нашите материјали да ги следат светските трендови во градежната индустрија.
ВИЗИЈА
Дали верувате во соработка?
SILOTER е компанија која посветува големо внимание за мислењето на своите потрошувачи. Затоа SILOTER Ви стои на располагање, ние секогаш сме отворени за дискусии.
03
Силосна техника за современо градилиште
Силосен систем за складирање и подготовка на материјали, создаден за градежници кои сакаат континуиран квалитет, побрза работа и помалку физички напор.
ПРОГРАМИ НА ПРОИЗВОДИ
Дознајте повеќе за нашите програми на производи
ПЕНО БЕТОН Ecoter - Cellular Lightweight Concrete
Униформната поставеност на стабилни микромеури од техничка пена добиена од Silofil агенс за пена, низ целиот волумен на материјалот, ги дава основните својства на Ecoter-Cellular Light Weight Concrete. Ваквата внатрешна структура на малтерот ги гарантира неговите изолаторски својства: одличен термоизолационен и акустичен материјал, многу ниска апсорпција на влага од околината, паропропустливост, лесно обработлив материјал, незапалив, отпорен на инсекти, не гние, не старее, лесно се рециклира.
Во зависност од неговата густина наоѓа различна примена:
- како изолаторски материјал (од 200кг/м³ до 500кг/м³)
- како градежно-термоизолационен материјал (од 600кг/м³ до 1000кг/м³)
- како градежен материјал (од 1000кг/м³ до 1600кг/м³).
Поради неговата структура овој материјал не се поставува за завршен слој, туку бара соодветна доработка во зависност од местото на примена.
Можностите за користење се големи и разновидни, а исто така и економскиот бенефит од употреба на Ecoter - Cellular Light Weight Concrete е очигледен и задоволувачки.
Заради природата на самиот материјал заштедите за греење и ладење на просториите се до 30% поголеми, оптеретувањето на носечката конструкција е 2-3 пати помало во однос на обичниот бетон.
При производство на самиот материјал не се одвива никаква хемиска реакција, освен хидратација на цементот, не се забележани никакви штетни испарувања, како при самото производство така и подоцна при користење на материјалот, па затоа велиме дека е еколошки производ кој не влијае штетно ниту на луѓето ниту на околината.
Овој градежен производ може да се подготви во широк дијапазон на густини од 200 кг/м³ до 1800 кг/м³ и топлинска спроводливост (d=10mm): 0.065-1W/mk.
ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНТАКТ
Комерција:
+389 70 262 661
+389 71 241 647
Техничка поддршка:
+389 71 323 120
Е-пошта:
contact@siloter.mk